Најголеми потенцијали за интензивирање на економско -трговската соработка со Украина има во земјоделството, пред се' со пласирање на македонските земјоделски производи на украинскиот пазар. Ова е оценката на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој беше домаќин на македонско-украинскиот бизнис-форум во Скопје на кој учествуваа стопанственици од Украина, предводени од претседателот на Украинската стопанска комора, Генади Чижиков. Азески и Чижиков потпишаа договор за соработка, со можност за инвестирање во земјоделството, транспортот и енергијата. Според Азески, извозот мора да се пренасочи кон источните земји, а Украина е една од тие земји, со интересен и огромен пазар за македонските компании.
Најголеми потенцијали за интензивирање на економско -трговската соработка со Украина има во земјоделството, пред се' со пласирање на македонските земјоделски производи на украинскиот пазар.
Ова е оценката на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој беше домаќин на македонско-украинскиот бизнис-форум во Скопје на кој учествуваа стопанственици од Украина, предводени од претседателот на Украинската стопанска комора, Генади Чижиков.
Азески и Чижиков потпишаа договор за соработка, со можност за инвестирање во земјоделството, транспортот и енергијата.
Според Азески, извозот мора да се пренасочи кон источните земји, а Украина е една од тие земји, со интересен и огромен пазар за македонските компании.
„Извозот мора да се пренасочи кон источните земји што имаат динамични економии кои имаат голем пазар и се пријателски расположени кон нас. Една од тие земји е Украина, која е огромен пазар за македонските компании со над 45 милиони жители, а бележи значаен континуиран економски раст“, оцени Азески.
Претседателот на Украинската стопанска комора рече дека нивните бизнисмени сакаат да најдат деловни партнери во Македонија.
„Имаме и енергетика и јагленопроизводство и луѓе што се занимаваат со метал. Има и компании кои ги изградиле најголемите трговски центри во Украина кои инвестираат во угостителски бизнис, компании кои се занимаваат со градежни материјали. Тие претпријатија дојдоа овде не само за да најдат партнери, туку тие се исто така многу заинтересирани за бизнис- климата која е сега во Македонија“, наведе Чижиков.